МАФИНИ СО ЈАБОЛКА Неодоливи слатки залчиња
3 јуни, 20230
Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за мафини со јаболка и џем.
Одличната комбинација на состојки со миризливи зачини го прави овој десерт неодолив.
Состојки:
2 големи јаболка
2 лажици џем
1 чаши шеќер
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 чаша вода
1 лажичка цимет
1 кесичка ванилин шеќер
шеќер во прав
Подготовка:
Јаболката се чистат и се рендаат, па се додаваат шеќерот, брашното, џемот по желба, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, маслото, циметот и водата.
Добро измешајте, па во калапот за мафини ставете хартиени калапи и истурете ја смесата.
Не полнете до врвот.
Печете во загреана рерна на 200°C околу половина час.
Кога малку ќе се изладат, извадете ги од калапот и посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!