Ова е девојката на Кијану Ривс: Таа е на мета на ужасни коментари заради нејзиниот изглед

30 март, 20230
kijanu-rivs-aleksandra-grant-830x0

Холивудскиот актер Кијану Ривс долго време одбиваше да зборува за својот приватен живот, а сега конечно го направи тоа, споменувајќи ја својата девојка Александра Грант.

Имено, тој изјави дека обожава да се смее и да се кикоти во кревет со својата девојка и дека тие моменти се „блаженство“.

– Пред неколку дена со мојaта љубена – изјавил актерот за магазинот People откако го прашале за неговиот последен „момент на блаженство“ со Александар.

– Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме, се смеевме и се смеевме. Се чувствував одлично. Беше навистина убаво што сме заедно – додаде тој.

Овој 58-годишен актер и Грант се запознале во 2009 година, а заедно работеле на две негови книги „Ода на среќата“ и „Сенки“.

Тие објавија дека се заедно пред 4 години.

Во 2020 година, Грант изјави за британскиот Вог дека „Ода на среќата“, сликовница за возрасни, првично била наменета како подарок што таа го нацртала за него.

Двојката, наводно, се забавувала со години пред да го направат своето деби на црвениот тепих заедно на галата LACMA Art + Film 2019 во Лос Анџелес.

Ривс постојано истакнуваше дека не сака да зборува за својот приватен живот и дека сака да задржи одредена приватност за себе, иако е јавна личност.

– Дојдов во Холивуд за да се занимавам со филмови. Навистина сум благодарен што ја имав таа можност, но јас сум само приватно лице, и убаво е што тоа сеуште постои – изјави актерот.

Да потсетиме, неговата девојка Александра во неколку наврати поради својот изглед беше мета на одвратни и брутални коментари на површни луѓе, а многумина напишаа дека не знаат што бара актерот со неа бидејќи изгледа како да може да „биде негова мајка”, што наиде и на бурни реакции во јавноста.

Погледнете повеќе фотографии од Кијану Ривс и неговата девојка подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi