Пиете антидепресиви „како бомбони“? Размислете уште еднаш

3 јуни, 20240
image_2024-06-03_122407918

Голема клиничка студија спроведена во САД покажа дека земањето антидепресиви го зголемува ризикот од мозочен удар.
136.923 жени на возраст меѓу 50 и 79 години биле прегледани и следени во просек 6 години. Жените кои користеле антидепресиви имале 45% зголемен ризик од мозочен удар во споредба со жените кои не ги користеле овие лекови.

Се верува дека депресијата сама по себе го зголемува ризикот од мозочен удар, па не е сосема јасно колкав точно е процентот на овие лекови.

Беше испитувано дали постои разлика во процентот на мозочен удар во зависност од тоа дали лицето користи трициклични антидепресиви или лекови од групата SSRI (селективни инхибитори на серотонин). Луѓето кои користат лекови од групата SSRI се повеќе склони кон мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот.

Истражувачите предупредија дека луѓето кои користат антидепресиви не смеат сами да престанат да ги земаат лековите! Доколку имаат некаква дилема, треба да се јават кај својот лекар и да разговараат со него за предностите и несаканите ефекти од земањето на овие лекови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma