Автофагија или диета? Што покажа новата научна студија

22 април, 20240
0ab5c7ff0329063dc7c556514630e2a85696ed33

Дали времето кога јадете навистина влијае на слабеењето? Нов тренд меѓу диетите е автофагијата или интермитентно постење, кога времето за оброци се скратува на рамка од 10 часа.

Сепак, новото истражување покажа дека автофагијата не го забрзува слабеењето кај луѓето кои се дебели и имаат преддијабетес.

Тим од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор спроведе 12-неделна студија во која некои луѓе практикуваа автофагија, а некои имаа нормален стил на исхрана, при што двете групи подеднакво го намалуваа бројот на калории што ги внесуваа, според MedPage Today.

– Имавме 41 учесник во студијата со просечна возраст од 59 години и сите ја завршија програмата. По 12 недели, учесниците од групата која јадела само во текот на 10 часа изгубиле во просек по 2,3 килограми, додека учесниците од групата што јаделе во текот на денот изгубиле 2,6 килограми. Промената на гликемиските мерки не се разликувала помеѓу групите, според истражувањето објавено во Annals of Internal Medicine.

Водачот на студијата, професор по медицина на Универзитетот Џонс Хопкинс, д-р Ниса Марутур, изјави за Yahoo Life дека целта на истражувањето е да се разбере дали ограничувањето на калории функционира подобро ако јадете подоцна или порано во текот на денот, но беше откриено дека нема разлики.

– Студијата покажа дека нема поголема придобивка од наизменичното постење во споредба со редовните периоди на јадење кога станува збор за слабеење, под услов калорискиот внес да биде сличен. Научното разбирање на оваа тема сè уште не е целосно, бидејќи многу прашања остануваат неодговорени, изјави за Научниот медиумски центар Нита Фарухи од Универзитетот во Кембриџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi