Дали сте чувствителни на алкохол, шеќер или глутен? Докторка открива дека тоа може да се види на лицето

24 април, 20240
85330_shutterstock-416231785_f

Кожата често е огледало на здравјето, особено со специфични и повторливи проблеми. Нивната најчеста причина е нездравата исхрана, како и слабата толеранција на организмот и реакцијата на одредена храна.

Д-р Нигма Таиб претстави инфографик кој ги открива последиците во форма на четири типа на лице – оној чувствителен на вино, односно алкохол, шеќер, глутен и млечни производи.

1. Винско лице

Типични симптоми се нагласени линии меѓу веѓите, црвенило околу очите, овенати очни капаци, зголемени пори, дехидрирана кожа со лушпести дамки по должината на образите, зацрвенети образи и нос, како и длабоки линии под носот кон усните. Причината е прекумерното консумирање алкохол. Ја дехидрира кожата, што ја влошува појавата на брчки, а шеќерот во алкохолот го уништува колагенот во кожата.

2. Глутенско лице

Типични симптоми се отечени и црвени образи, акни кои се појавуваат по должината на работ на вилицата како и пигментациски точки околу брадата. Се претпоставува дека околу 15 проценти од луѓето се чувствителни на глутен, а најчеста последица е „отеченото лице“ кое се јавува како последица на воспаление, кое телото го произведува како реакција на глутенот. Честа состојба е розацеа – зголемено црвенило и проѕирна кожа со истакнати капилари.

3. Млечно лице

Типични симптоми се отечените очни капаци, како и областа под очите со истакнати темни кругови. На лицето често се појавуваат мали бели мозолчиња, особено во пределот на брадата. Сите овие можат да бидат знаци дека телото не поднесува лактоза поради губење на одредени ензими.

Некои од причините можат да бидат хормони кои често се наоѓаат во млекото и млечните производи како што се јогуртот и сирењето.

4. Шеќерно лице

Во лицето на поединец чувствителен на шеќер, најчести симптоми се брчките и линиите на челото, надуеноста на пределот под очите како и чувството на сува кожа. Често се јавуваат болни, поткожни мозолчиња кои можат да се појават на која било област на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi