Ова го топи целулитот! Крем од две состојки што сите го имаме дома ќе го испегла секој вишок
Полека се приближува времето кога секоја жена почнува да добива напади на паника – доаѓа лето, а на бутините и задникот одлично се гледаат последиците од уживањето во зимската храна и физичката неактивност, во форма на целулит. Ако и вие се пронајдовте во овој опис, тогаш не сте единствени. Дали знаевте дека дури 80% од жените имаат проблем со целулитот, вклучувајќи ги и познатите ѕвезди?
Иако на пазарот постојат огромен број производи за борба со целулитот, според дерматолозите, има еден природен лек што е поефикасен од сè што можете да купите. Станува збор за смеса од две состојки што сите ги имаме во нашиот дом – сода бикарбона и мед!
Едноставно измешајте една лажица сода бикарбона со една лажица мед, додајте малку вода и ставете ги на оган да зовријат. Откако ќе почне да врие, варете ја смесата 2 до 3 минути, па оставете ја на кратко да се олади (не целосно) и додека е уште млака, масирајте го со неа оној дел од телото каде што имате целулит. Масирајте околу 3 минути, а потоа измијте се со топла вода. На проблематичните делови нанесете чист мед, па масирајте уште 4 до 7 минути.
Според експертите, како и жените што веќе го пробале овој рецепт, тоа е најдобриот начин да се ослободите од целулитот и дупките на кожата што прават таа да изгледа рапаво. Масажата со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта, ќе ги намали наслагите со целулит, без притоа да внесувате хемикалии и токсини во вашето тело.
Совет: Не смеете да претерувате со употребата на оваа смеса, особено не со силно притискање за време на масажата бидејќи можете да си ги испукате капиларите.