Пејачката со албанско потекло Рита Ора се појави речиси гола на Мет Гала 2024!

7 мај, 20240
Рита Ора - Таика Ваитити

Мет Гала е престижен моден настан на кој многу познати личности се радуваат од година во година. Добивањето покана за настанот Мет Гала е достигнување за многумина.

Инаку, секоја година се одржува во првата недела од мај под „диригентската палка“ на директорката на Vogue – Ана Винтур. Оваа година, 2024 година, Мет Гала донесе бајковита тема за заспаните убавици наречена „Заспани убавици: повторно будење  на модата“, каде во фокусот беа цветните детали.

Од музичките ѕвезди, модели, актери, до успешни претприемачи, црвениот тепих во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк беше главната сцена. На неа, меѓу другите, се појави и пејачката со албанско потекло Рита Ора со сопругот Таика Ваитити. И за  чудо таа повторно успеа да изненади со модна комбинација. Иако носеше весели бои, целокупниот стајлинг на многумина им беше одвратен.

Имено, пејачката се појави во едноделен костим во боја на кожа кој јасно го оцртуваше секој дел од телото, а за да ги прикрие интимните регии,врз костимот избра пластични реси кои се влечеа по подот. Ако се сеќавате на завесите на вратите кои и денес можат да се најдат во многу домаќинства, ќе знаете за што зборуваме.

Кога станува збор за фризура, Рита Ора се одлучи за „мокра залижана коса“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi