Пејачката Тајла дојде на Мет Гала во ФУСТАН ОД ПЕСОК, едвај се движеше

7 мај, 20240
6047f6f0-47a4-4e0f-9c42-852c07235a87

Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација.

22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.

На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, слатка сум“.

Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.

„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата за мода на облека од нешто минливо како песок ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќен со крајниот резултат“, рече тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi