Постојат 5 фази на љубовта – еве во која започнуваат проблемите

22 април, 20240
Screenshot_1

Според психологот Џед Дајмонд има пет „фази на љубовта“ низ кои поминуваат двојките.

 

 

 

 

Ако случајно откриете дека обично „запнувате“ на претпоследната, не стравувајте, повеќето се сопнуваат на третата. Но, кога ќе стигнете до петтата, тоа е вистинска љубов.

 

Петте фази на љубовта Дајмонд ги темели на 30-годишното искуство во проучувањето врски.

 

 

1 ФАЗА: Заљубување

 

Позната и како фазата „меден месец“. Во оваа фаза ги проектираме сите наши соништа на партнерот. Слепи сме за неговите маани и тие се „лика и прилика“ на нашите идеали. Тоа се случува бидејќи хормоните ни работат „прекувремено“, а ние во целост им веруваме и им се препуштаме. Токму затоа и оваа фаза не трае вечно.

 

2 ФАЗА: Официјализирање на врската

 

Тоа е моментот кога станувате двојка. Некои двојки во овој период решаваат да живеат заедно или почнуваат да ја планираат заедничката иднина. Се чувствувате како една целина, заштитено, посакувано и уверени сте дека овој партнер е „вистинскиот“ за вас и дека ви е „судено“ да бидете заедно.

 

ФАЗА 3: Разочарување

 

Ете ја. Фазата во која сѐ престанува да биде совршено. Според Дајмонд, ова е најмногу поврзано со враќањето на нашите сомнежи, а не со некоја конкретна грешка на партнерот. Тоа е момент кога се прашуваме дали ќе трае засекогаш. Размислуваме за раскинување на врската бидејќи ни пречат премногу работи. Во оваа фаза, кога ќе исчезнат илузиите што сме ги создале во Фаза 1, многу двојки ја завршуваат врската.

 

Фаза 4: Создавање на „вистинска“ и „трајна“ љубов

 

Нема точен одговор како да се преживее третата фаза, но ако ја преживеете, четвртата вреди за тоа. Дајмонд препорачува да ги затворите очите и само да туркате напред. Поентата е да сфатите дека партнерот не е совршен, туку човек од крв и месо, што значи дека треба да го прифатите со сите негови маани и доблести. Тоа е љубов.

 

Фаза 5: Моментот кога вашата љубов почнува да го менува светот

 

Откако сте го поминале тешкит период и сте сфатиле дека ова е личноста со која ќе продолжите понатаму во животот, заедничките слабости и добри страни почнувате да ги претворате во нешто што ве поврзува. Повеќе не сте заедно за да не бидете сами, туку бидејќи имате заедничка цел, без разлика дали се работи за семејство или за работа. Сте одлучиле да бидете рамноправни и да го остварите вашиот заеднички сон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi