Што се случува со Зендаја? Глумицата направи моден пресврт и сосема изненади со стајлингот

3 мај, 20240
61385_shutterstock-2192476849_f

Појавите на Зендаја на црвениот тепих се секогаш совршени, а убавата актерка во слободното време само ги продолжува неверојатните модни изданија.

Актерката која се прослави со улогата во серијата „Еуфорија“ не остана незабележана на улиците во Њујорк во наизглед неспоиви парчиња.

Капри панталоните кои се вратија на модната сцена успешно беа комбинирани со елегантни балетанки на потпетица.

Зендаја ги избра секогаш популарните панталони до средина на листот со детал на предниот шев и ги спои со впечатливи балетанки во маслинесто зелена боја со мала потпетица. Балетанките со потпетици тивко се вратија на модната сцена – сакале или не.

Ова е елегантен модел, што го прави идеален и за вечерни пригоди. Зендаја избра лежерен џемпер во светло сива нијанса, под кој носеше бела маичка. Својот изглед го комплетираше со големи обетки и соодветна беж чанта.

Успешно усогласувајќи ги трендовите од оваа сезона со модните класици, Зендаја создаде интересна комбинација, опуштена и елегантна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi