Чоколадни банани со бадеми

popara28 ноември, 20111min00
cokoladni banani

Потребни состојки:

6 големи банани

6 стапчиња за лижавчиња или сладолед или коктел стапчиња

100 гр. чоколадо за готвење

150 гр. сецкани бадеми

Припрема:

Бананите оставете ги да отстојат една вечер во фрижидер, па извадете ги, излупете ги и исечете по една третина од секоја банана.

Растопете го чоколадото на пареа, а бадемите ситно исецкајте ги и ставете ги во посебен сад.

Во секоја банана ставете коктел стапче или стапче за сладолед до половина. Секоја банана најпрво брцнете ја во чоколадото, а потоа во садот со сецкани бадеми.

Ставете ги бананите  на тава прекриена со хартија за печење. Ставете ги во фрижидер да отстојат се додека чоколадото не се стврдне. Добар апетит!