Лејди Гага каква што не ја знаевте до сега:))) скроз различна:)))

9 октомври, 20110
0820007.48

Можеби се уште не е кралица на поп музиката, но пејачка Лејди Гага дефинитивно е кралица на трансформацијата, што уште еднаш го докажа со својот најнов едиторијал објавен во списанието Harper’s Bazaar..
Гага за потребите на овој едиторијал одлучила да стави поинаков make up за разлика од оној нападен на кој сме навикнати да ја гледаме. Навидум пејачката изгледа дека нема шминка, сепак таа има ставено доволна количина, но сега со нежни, природни  и ненагласени тонови.
И покрај нападниот make up која таа го користи, Лејди Гага се уште тврди дека е обична девојка и дека под сите тие маски, шминки, секогаш се криела една иста личност.
“Мислам дека уметноста е нова реалност. Се се врти околу тоа, така во сè што работите мора да се внесете максимално и да бидете целосно искрени. Без разлика дали носам еден тон шминка, или не носам шминка, отсекогаш внатре е една личност “, изјавила Гага.
Се зависи од тоа како сум расположена тој ден, и тоа дека секој ден ставам маска на лицето е всушност невистина. Тоа е еден вид интерпретација. Често се запрашуваат за мојата уметност, но колку што знам дали концептот на модата се сведува на тоа да можеме да креираме фантазија, изјавила Гага.
“Јас сум со слободен дух. Дури и кога бев мала трчав околу куќата гола и ја излудував мојата дадилка”, признава Гага. “Знаете, мојата работа на некој начин ме храни. Останувам во форма бидејќи многу работам, додала Гага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi