Торта со малини

popara4 ноември, 20121min00
malinitorta

Потребни состојки:

  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 7 лажички мелени бадеми
  • 3 ќесички пудинг од малини
  • 2 ќесички шлаг пена
  • 100 грама мелени бадеми
  • 15 грама путер

за декорација –

  • сок од малини
  • ќесичка желатин
  • сецкани бадеми

ПОДГОТОВКА

Направете цврста смеса од белки, додадете шеќер и една по една жолчка од јајце. Матете додека смесата не стане пенеста, па потоа додадете брашно и мелени бадеми. Истурете го во кала за торта подмачкан и попрскан со брашно и ставете го да се пече.

Во меѓувреме, сварете го пудингот, па кога малце ќе се олади, додадете путер и матете го додека пудингот не се олади целосно. Потоа додадете ги шлагот и мелените бадени.

Печената и изладена торта пресечете ја на 3 дела, и филувајте го пудингот. За украсување разматете го желатинот во малце ладна вода, додадете го во вриење сирупот од малини, малце изладете го, па кога желатинот ќе почне да се стега, прелијте ја горната кора. Остатокот украсете го со кремот и бадемите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma