Црно бел колач
Потребни состојки:
За тесто:
- 2 белки од јајца
- 100гр шеќер
- 220гр кокосово брашно
- 30гр пченично брашно
За фил:
- 2 жолчки од јајца
- 185мл слатка павлака
- 185гр темно чоколадо
- 2 лажици коњак
- 185гр бело чоколадо
- 155гр кисела павлака
Прелив:
- 250гр малини
- лажица шеќер во прав
Начин на подготовка:
Изматете ги белките, постепено додавајте шеќер, а потоа и кокосово брашно. Тестото распоредете го на дното и рабовите на подмачканиот калап. Печете 25 минути на 180 степени, оставете го во калапот пет минути, па извадете да се олади. За фил, жолчките и слатката павлака сварете ги на пареа. Додадете чоколадо и коњак, па продолжете да мешате додека чоколадото не се стопи.
Белото чоколадо и киселата павлака исто така гответе ги на пареа и мешајте додека да добиете соединета смеса. Тргнете од оган и оставете да се олади. Најизменично додавајте една лажица од црната и една лажица од белата семеса на тестото и со вилушка поминете да добиете мермер украс. Оставете да се олади два часа.
За прелив ставете малини во блендер и иситнете ги во облик на пире. Исцедете, помешајте со шеќер во прав и послужете со колачот.