Нутела ролат
Тој толку лесен што може да го имате за појадок или вечера со една чаша млеко. Децата едноставно го обожаваат.
Потребни состојки:
– 7 јајца
– 7 лажици шеќер
– 7 лажици брашно
– половина кесичка пециво
– нутела
Подготовка:
Пенесто изматете ги жолчките со шеќерот. На страна измешајте ги белките во цврст снег, па додајте ги во изматените жолчки. Додајте го брашното и пецивото и промешајте полека со дрвена лажица. Обложете ја тавата за печење со хартија и ставете ја смесата. Печете околку 15 минути на 170 степени.
Испечениот бисквит извадете го ис тавете го на крпа за да се излади. Премачкајте го со нутела и свиткајте го во ролна. Ролатот ставете го во фрижидер да се излади убаво. Потоа пресечете го на парчиња со дебелина од 2 цм и послужете.