Бадем торта
16 февруари, 20130
Потребни состојки:
- 5 жолчки
- 200гр шеќер во прав
- 600гр мелени плазма бисквити
- 100гр мелени бадеми
- 125гр путер
- 2дл сок од праска
- 1 слатка павлака
- 2 реда чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Жолчките и шеќерот варете ги на пареа. Мелените плазма бисквити и бадеми прелијте ги со сокот и соединете и соединете со смесата. Во смесата додадете ги кремот од жолчки и шеќерот и изматен путер.
Смесата обликувајте ја во посакуваната форма. Украсете со шлаг од слатка павлака и рендано чоколадо за готвење.