Топено сирење со домати
19 април, 20130
Одлично предјадење кое се јаде топло и одговара со крцкав леб…
Потребни состојки:
– 1 домат исечен на коцки
– 1 чешне лук
– 4 кришки тврдо сирење, со дебелина од половина цм
– 100 гр рендан кашкавал
– оригано
– сол и бибер
– 1 лажица малиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Во еден земјан сад за печење ставето го најпрво сирењето. Потоа во еден сад измешајте ги доматите, маслото, лукот и зачините. Убаво измешајте и ставете ги врз сирењето. Одозгора изрендајте го кашкавалот. Посолете со ориганото. Во средината од садот ставете малку сецкани домати. Садот ставете го во рерна и печете додека кашкавалот не се растопи.
Послужете го веднаш. Одлично оди со крцкав леб.