Дали би и дале 50 години на оваа жена?
18 јули, 20140
Можеби годинава наполни 50 години, но Ел Макферсон сè уште има фигура на која многу млади жени можат да ѝ позавидат. Пред два дена таа на Twitter објави фотографија која докажува дека со право го заслужува прекарот „тело“.
Ел е мајка на две деца и одлично се чувствува во сопствената кожа, пишува Red Magazine.
„Кога ги гледам фотографиите од младоста, не можам да се препознаам. Сега се чувствувам многу поудобно во сопствената кожа отколку кога имав 20 години“, вели Ел.