ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Кора
* 1/2л вода
* 1/2л млеко
* 200гр шеќер
* 200гр гриз
* 100гр чоколадо
Фил
* 1л млеко
* 4 пудинга од ванила
* 10 лажици шеќер
* 150гр маргарин
* 2дл слатка павлака
За чоколдната глазура
*150гр чоколадо
*3 лажици масло, 50гр маргарин
*2 лажици шеќер во прав
*5 лажици млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За подлога сварете гриз во комбинација со вода и мелеко со шеќер. Откако гризот ќе се згусне додадете го изренданото чоколадо, добро измешајте додека не се стопи и додека целата смеса не стане еднолично чоколадна. Во лим со средна големина премачкан со путер додадете ја полутечната смеса од гриз. За кремот сварете околу 7-8дл млеко а остатокот измешајте го со пудингот и шеќерот. Сварете ги пудинзите на класичен начин. Во изладениот пудинг изматете со миксер маргарин и цврсто изматена слатка павлака. Со кремот премачкајте ја подлогата од гриз. Се добро изладете и нанесете ја чоколадната глазура која се прави така што чоколадото се топи и се меша со маслото, маргаринот, шеќерот и мелкото.