Крем пита со банани

popara14 октомври, 20141min00
8

Потребни состојки за падишпан:
1 ½ чаша мелени непечени бадеми
¼ лажица сол
¼ лажица цимет
¼ лажица сода бикарбона
¼ чаша мелен сончоглед
1 лажица вода
1 лажица масло

Потребни состојки за фил:
Шлаг
2 зрели банани

Подготовка на пандишпанот:
Во сад измешајте ги мелените бадеми, сода бикарбона, мелениот сончоглед, сол и цимет. Додадете малку масло и вода и замесете го тестото. Месете додека не се изедначи. Потоа ставете го тестото во тава број 9 и притискајте го тестото додека не се покрие еднакво целата површина на тавата. Ставете го да се пече во претходно загреана рерна. Кога ќе се испече, оставете го убаво да се олади.

Подготовка на филот:
Во сад испасирајте ја зрелата банана. Потоа направете шлаг и со лажица измешајте го заедно со бананата. За подобар вкус може да додадете и лажичка цимет.

Филот нанесете го на претходно изладениот пандишпан. Врз филот исецкајте ја другата банана на кругови. Така подготвената пита ставете ја во фрижидер убаво да се олади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag