Полнети запечени компири

popara19 јануари, 20141min00
2

Состојки:
2 големи печени компири
1 супена лажица путер
2 јајца
2 парчиња сланина, запржени и исецкани на коцки
2 супени лажици рендано сирење
1 супена лажица магдонос исецкан
Сол и свежо мелен бибер
Подготовка:
Свртете го печениот компир странично и внимателно со остар нож исечете ја горната третина. Со лажичка извадете ја внатрешноста, за да направите од компирот сад за полнење.
Ставете по 1/2 супена лажица путер во средината на секој сад. После тоа внимателно скршете по едно јајце во секој отвор, и гледајте жолчката да остане цела. Покријте со сланина, сирење, магдонос, и на крај зачинете со сол и бибер.
Се пече во претходно загреана рерна на висока температура околу 20 минути или додека не забележите дека белката од јајцето е готова. Се сервира веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *