Состојки:
За кора:
- 1 шолја масло
- Шолја кисела вода
- 400g брашно
- Прашок за печиво
- 100g шеќер
За фил:
- 4-5 портокали
- 0,5l вода
- 350g шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 4 лажици густин
- Маргарин
Подготовка:
Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.
Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.
Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.
Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.