Линија на чевли со потпис на Оливија Палермо за Aquazzura

15 август, 20140
aquazzura-olivia-palermo

Кога модната дива Оливија Палермо ќе се здружи со луксузниот италијански бренд за чевли Aquazzura, финалниот производ мора да биде спектакуларен!

Долгоочекуваната заедничка колекција на чевли со потпис на Палермо и Aquazzura, конечно беше претставена на јавноста, иако за лансирањето ќе почекаме уште десетина дена, кога ќе бидат ставени на продажба на веб страната Net-A-Porter.

Лимитираната колекција вклучува металик сандали од кожа, полу длабоки чизми, сандали со скапоцени камења, римјанки на штикла, длабоки чизми и салонки со чипка.

“Мислам дека мојата тајна е во тоа што навистина обожавам облека и мода. За мене вистинско задоволство претставува да дизајнирам стајлинг, модели, за секоја пригода и за жени на било која возраст”, изјави 28-годишната трендсетерка.

Палермо која оваа година се омажи за нејзиниот долгогодишен дечко, моделот Јоханес Хуебл (28), веќе некое време е “тивок” амбасадор на брендот од Фиренца.

“Оливија и јас ја делиме истата страст за чевлите и имаме иста естетика. Таа е вистинска икона на стилот и има совршено познавање за облеката и трендовите. Ова е колекција која секоја жена би ја посакала.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi