4 Причини зошто пливањето е добро за вашето тело

8 август, 20140
Woman-swimming-in-a-pool-008-490x294

Пливањето е одлична кардио вежба, не ги оптеретува зглобовите, а работата на целото тело ги топи калориите. Исто така, го протегнува и издолжува вашето тело, а тоа е нешто што со вообичаените активности нема да можете да го постигнете. Еве зошто пливањето се препорачува за сите возрасти и за секого:

1. Крос-тренинг

Веројатно сте чуле дека за оптимално вежбање, најдобро е да се комбинираат различни вежби. Пливањето има поинаков ефект од вежбите кои ги правите во теретана, или дома, идеално е за мускулите кои се занемарени. За луѓето кои се занимаваат со спорт, пливањето обезбедува одмор за зглобовите.

2. Совршени мускули

Пливањето може да ги зајакне рацете, нозете, рамената, а брзо ќе забележите подобрување на мускулите на задникот. Водата е 724 пати погуста од воздухот, па на тој начин целото тело постојано пружа отпор.

3.  Посилно срце

Со пливање, вашето тело учи нови техники на дишење, особено кога главата во вода ви е свртена надолу. Со секое вдишување и издишување за зголемува длабочината на дишењето, и така вашите бели дробови произведуваат повеќе кислород, а срцето на тој начин буквално расте и се зајакнува.

4. Бестрашност

Пливањето ја поттикнува самодовербата. Самото чувство кога учите и совладувате нова вештина е охрабрувачко. Самиот предизвик кој си го поставувате, обезбедува неверојатно чувство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi