Еве што е лесно во животот, а што тешко….!
18 ноември, 20150
- Лесно е да бидете впишани во нечиј именик. Тешко е да бидете запишани во нечие срце.
- Лесно е да судите за грешките на другите. Тешко е да ги признаете своите.
- Лесно е да зборувате без размислување. Тешко е да го задржите јазикот.
- Лесно е да го повредите оној кој ве сака. Тешко е да ја излечите таа рана.
- Лесно е некого да повредите. Тешко е да молите за прошка.
- Лесно е да поставите правила. Тешко е да ги следите истите.
- Лесно е да славите победа. Тешко е да признаете пораз.
- Лесно е да сонувате секоја ноќ. Тешко е да го остварите секој сон.
- Лесно е да се воодушевите на полната Месечина. Тешко е да ја видите и другата страна.
- Лесно е да уживате во животот секој ден. Тешко е да живеете со вистинските вредности.
- Лесно е да ветувате. Тешко е да го исполните ветувањето.
- Лесно е да кажеш „те сакам“. Тешко е да го покажуваш тоа секој ден.
- Лесно е да направите грешка. Тешко е да учите од грешките.
- Лесно е да плачете за изгубената љубов. Тешко е да ја задржиш.
- Лесно е да мислите на подобрување. Тешко е да тргнете во акција.
- Лесно е да се молите секоја ноќ. Тешко е да го пронајдете Бога во малите работи.
- Лесно е да примате. Тешко е да давате.
- Лесно е ова да го прочитате. Тешко е да го примените.