Обланди од Нутела

10 ноември, 20150
11

Потребни состојки:

1 пакување обланди
250 гр путер
300 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
300 гр мелени бисквити
150 гр мелени печени лешници
100 гр чоколадо за готвење
2 јајца
300мл млеко

Глазура
200 гр чоколадо за готвење
6 лажици масло за јадење
И уште
50 гр кршени лешници

Млекото, шеќерот, ванилиниот шеќер и путерот се загреваат додека не се стопат путерот и шеќерот.

Во топлата смеса се додаваат бисквитите, се мешаат, па се додаваат јајцата и едно по едно постојано се мешаат.

Не се грижете, смесата е врела и јајцата нема да останат живи. Потоа поделете ја на два дела и во едниот дел ставете ги мелените лешници, а во другиот дел чоколадото.

Оставете се да се олади, па филувајте ги обландите неизменично со темен, па со светол фил. Одозгора ставете нешто тешко за убаво да се спојат и оставете ги најдобро преку ноќ.

Потоа ставете ја глазурата. За глазурата растопете го чоколадото на пареа со маслото и прелијте преку готовите обланди.

Додека е уште топло наросете мелени лешници одозгора.

Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi