Дека во неволја се познаваат пријателите и дека ги има дури и на естрадата, тоа го покажа српската фолк дива Цеца Ражњатовиќ (42). Кога сфатила дека познатата писателка Исидора Бјелица (47), нејзина долгогодишна пријателка, нема пари за да го продолжи лекувањето на туморот со кој се бори веќе трет пат, пејачката одлучила да и помогне.

Како што пренесува српски „Ало“, Цеца ја повикала Исидора и нејзината ќерка Вила на кафе и тогаш на писателката и понудила пари за лекување во една од најдобрите клиники во Лондон. Својата замисла , пејачката веднаш ја спровела на дело и Бјелица веќе е под надзор на најдобриот тим на стручњаци во Англија.

Откако пред неколку месеци се лекуваше во Швајцарија, каде поради финансиска немоќ не можела да ја прими целата терапија, Исидора се вратила во Србија, каде што Цеца ја превзела работата во свои раце и почнале заедно да ја водат оваа битката против подмолната болест.

– Исидора е моја долгогодишна пријателка. Кога ми беше најтешко таа беше покрај мене. Сега кога на неа и е тешко се разбира дека ќе бидам покрај неа. Ќе ја поддржам и во добор и во лошо – изјавила Цеца која е уверена дека писателката има доволно желба и надеж овој пат да ја добие битката со болеста.

Тоа што во овие моменти Цеца решила несебично да и помогне, Исидора признала дека нема тоа да и го заборави.

– Пријател е личност која е покрај тебе и кога ти е најтешко. Вистинските пријатели се познаваат на маката – изјавила Бјелица.

Писателката пред неколку месеци храбро ја прифатила болеста дека резултатите од тумор маркерот се лоши и дека повторно треба да води битка за живот . Откако и биле отстранети јајниците, матката и стомачната марамица, канцерот и се вратил по трет пат. Исидора неколку дена поминала во Швајцарија, а тогаш и помогал пејачот Владо Георгиев кој одржал хуманитарен концерт во Белград на кој собирал пари за лекувањето на писателката.