Таа ли го натера на ова, Игор ја има само Северина
1 декември, 20150
По венчавката одржана во Белград на Северина и Игор, многумина забележаа дека младенците направија промени на своите Инстраграм профили.
Прво Северина го смени презимето во Којиќ, а Игор драстично го намали бројот на лица кои ги „следи“.
Младоженецот има над 22.000 следбеници и редовно објавува фотографии, но тој следи само една – Северина.
На листата не се наоѓаат ниту неговата сестра Наташа, ниту татко му Драган, а дали за ова донел сам одлука или влијаела неговата сопруга, не е познато.