Lamborghini го претстави новиот Aventador S

21 декември, 20160
7

Lamborghini неодамна објави мистериозен тизер, а сега го претстави Aventador S. Со ова италијанската компанија го освежи овој модел, а буквата „S“ означува дека поседува поаеродинамична каросерија базирана на моделот SV.

Автомобилот има поагресивна предница, како и дифузер сличен како оној на SV верзијата, а има и вертикални крилца за намалување на отпорот на возухот, подобрување на неговиот проток, како и за создавање поголем downforce.

На централниот дел на задниот браник се трите издувни цевки кои се дел од новиот издувен систем, кој е 20 проценти полесен од претходниот.

Aventador S располага со 6,5 литарски V12 мотор кој сега испорачува 40 коњски сили повеќе, односно вкупно 740 коњи. Силата се пренесува на сите 4 тркала преку 7-степениот ISR менувач.

Новиот модел забрзува од 0-100 километри на час за 2,9 секунди и достигнува максимални 350 километри на час. Исто така има систем за управување со сите четири тркала, што додава на стабилност.

Во внатрешноста, Lamborghini вгради нова дигитална инструмент табла со различни прикази во однос на избраниот мод на возење – Strada, Sport, Corsa или прилагодливиот Ego.

Испораката треба да стартува на пролет, а автомобилот во Европа ќе чини 281.555 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi