Пиперки со печурки
5 октомври, 20170
Потребни состојки:
- 12 пиперки за полнење
- 500гр шампињони
- 3 главици кромид
- 200гр ориз
- половина лажица магдонос
- 4-5 домати
- 1 дл масло
Начин на подготовка:
Пропржете го ситно исецканиот кромид, а потоа додадете ги печурките. По десетина минути додадете варен ориз, ситно исецкан магдонос, посолете и тргнете од оган да се лади. Измијте ги пиперките, исечете им ги рачките и исфрлете го семето, па полнете ги со оладената смеса. Наредете ги во подмачкана огноотпорна чинија и печете 40 минути на 200 степени.