Состојки:
- 500 гр компири
- 100 гр корен од целер
- 500 мл бистра супа
- сол
- бибер
- 1 лажица путер
- морков
- 200 мл павлака
Начин на подготовка:
Компирот и коренот од целер исчистете ги, ситно исечкајте ги, измијте ги и гответе ги околу 20 минути во бистра супа.
Исчистете го морковот, измијте го и исечкајте го на фини стапчиња. Внимателно динстајте на путер не повеќе од 5 минути.
Компирот и целерот во супата изгмечете ги, па додајте павлака и полека загревајте. Зачинете ја супата со бибер.
Готовата супа декорирајте ја по желба и послужете.