23 јануари, 2017

Радио

Затоа што сакале „жешко“ селфи?

Двајца полицајци од Лонг Ајленд, Њу Јорк, биле фатени на видео правејќи селфиа пред куќа обвиена во пламен. На крај, куќата изгорела и додека, за среќа, никој не бил повреден, полицајците се соочени со сериозен проблем за фотографирањето, известува NBC.

„Содржината на ова видео е многу загрижувачка за одделот и моментално е под истрага,“ изјави Полицискиот оддел на општината Насау. „Ако се утврди дека овие полицајци прекршиле некои од правилата и регулативите на одделот, тие ќе бидат соодветно дисциплинирани.“

Според весникот Washington Post, легислаторот од општината Насау, Кеван Абрахамс, изјави дека делата на полицајците претставуваат „најниско ниво на професионализам“.

Не е јасно кој го снимил видеото и која ќе биде казната, ако воопшто има казна, за полицајците.

 

Остави коментар

Почетна // вести // Двајца полицајци се фатени како прават селфи пред куќа што гори
Горе