Модните трендови стануваат се почудни. Ќе се сложите и Вие со тоа кога ќе го видите најновиот тренд кога станува збор за чевлите. Имено, во тренд се чевлите на високи потпетици. Но, една модна куќа “Parmars” го достигна максимумот. Тие од почетокот на следната година ќе продаваат чевли, во продавниците во Лондон, кои ќе бидат со најголема потпетица која изнесува 22,5 цм. Цената на чевлите “Sky Heel” ќе изнесува 50 евра, а ќе бидат достапни во две бои, златна и црвена.