2 дел од Најпознатите шпиони во историјата на шпионирањето: Рудолф Абел Иванович

24 септември, 20100
Rudolf Abel Leaving Court

Пребегнувањето на Руски шпион
Се покажа дека клучот на оваа мистерија е 36-годишниот потполковник од Руската служба за безбедност – КГБ. Во почетокот на мај во 1957 година, тој контактирал телефонски со Американската амбасада во Париз, а веднаш после тоа и пристигнал во амбасадата за да биде интервјуиран. Рускиот шпион објаснил: “Jас сум офицер во советската разузнавачка служба, последните 5 години работев и оперирав во САД, a сега ми е потребна ваша помош”. Овој шпион, Рејно Хејханен, изјави дека му било наредено да се врати во Москва. По пет години поминати во САД, била страшна помислата повторно да се врати во својата комунистичка татковина. Сакал да пребега и да го напушти Советкиот камп. Хејханен е роден близу Ленинград, на 14 мај 1920 година. Неговите родители биле селани, а тој добар студент, кој во 1939 година добил сертификат да може да предава во средните училишта во земјата.
Во септември 1939 година, беше назначен да предава во основно училиште во селото Липтизи. Но бидејќи тој го знаеше финскиот јазик, подоцна беше убеден од страна на комунистичката тајна полиција да ја прифати работата како преведувач за службата на заробени документи и да испрашува затвореници од времето на финско-рускиот конфликт. Со крајот на оваа војна во 1940 година, тој беше назначен за проверка на лојалноста и сигурноста на советските работници во Финска и да развие информатори и извори на информации во нив. Негова основна цел беше да се идентификуваат анти-советските елементи меѓу интелектуалците и моќниците. Хејханен стана почитуван експерт, па во мај 1943 година беше прифатен во Советската комунистичка партија. По Втората светска војна, тој стана еден од највисоките оперативци во советската тајна служба и беше поставен на задача да открива дезертерски елементи меѓу локалните жители. Во летото 1948 година, тој беше повикан од страна на КГБ да оди во Москва. Советската разузнавачка служба имаше нова задача за него, која ќе бара од него да ги прекине односите со своето семејство, да го учи англискиот јазик и да помине низ специјална обука за фотографирање на документи, како и да научи да кодира и декодира скриени пораки. Додека неговата КГБ обука траеше, тој работеше како механичар во Валга Естонија, а во текот на летото во 1949 година, влезе во Финска како Јуџин Николај Маки – роден американец.
Позадината на Маки
Вистинскиот Јуџин Маки е роден во Енавил, Ајдахо, на 30 мај 1919 година. Неговата мајка била родена американка, но неговиот татко бил од Финска и емигрирал во САД во 1905 година. Тие продадоа се и ја оставија нивната фарма во Ајдахо, заминаа во Њујорк да резервираат карти за брод и да отидат во Европа. По напуштањето на САД, семејството Маки се смести во Естонија. Од самиот почеток беше очигледно дека не нашле утопија на границата на Советскиот сојуз. Писмата кои им ги пишувале на своите соседи покажаа дека тие биле многу несреќни и жалеле што ја напуштиле Америка. Како поминувале годините, сеќавањата за семејството Маки постепено почнаа да бледеат, освен двајца до тројца постари жители кои ги помнеа, а додека новите веќе и не знаеле дека постоело такво семејство во Ајдахо. Во Москва се направија плановите за нов Јуџин Маки, темелен советски разузнавач кој чекаше сигнал за да влезе на сцена. (Продолжува 3 дел)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi