“Берлински пациент” – Првиот човек излечен од ХИВ

14 декември, 20100
hospital-beds

Пациент од Берлин, кој боледува од леукемија и е ХИВ позитивен, беше подложен на трансплантација на матични клетки. Докторите кои ја извеле операцијата веруваат дека со примањето на матичните клетки, кои се отпорни на заразата ХИВ, го излечиле.
Мутација која штити од вируси
Коскената срж доаѓа од донатор кој има природна отпорност на заразата ХИВ, што најверојатно се должи на генетскиот профил, поради кој вирусот неможе да се поврзе со неговите клетки. Луѓето со оваа мутација се речиси сосема безбедни од инфекцијата. По обемни анализи, тие објавиле ревидиран извештај во кои тврдат дека “може да се заклучи дека кај овој пациент е постигнато излекување на пациентот од вирусот ХИВ”.
“Берлинскиот пациент”, американецот Тимоти Реј Браун, веќе се лечел од леукемија, но по почетниот успех, болеста повторно се вратила, па така докторите одлучиле дека е време за трансплантација на матични клетки. Мутацијата на донаторот, која била клучен фактор во целата приказна, е многу ретка и може да се најде кај помалку од 1% од белците во северна и западна Европа.
Матичните клетки повторно ја докажаа својата вредност
Пациентот пред трансплантацијата, примал хемотерапија, која му го уништила скоро целиот имунолошки систем. Во текот на 38 месеци примал лекови кои би го спречиле одбивањето на донаторските клетки, а после целосниот третман, лекарскиот тим веќе неможел да најде ни траг од вирусот ХИВ. Научниците кои работеле на случајот, сега веруваат дека создавањето на ХИВ отпорни матични клетки и нивно инјектирање во пациентот е правиот пат, за разлика од хемотерапијата и зрачењата кои не го даваат истиот ефект, а и можат да остават ужасни последици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma