Брза диета со тикви

slobodan27 октомври, 20101min00

Сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми набрзина, да си го прочистат организмот и токсините и да го зајакнат имунитетот им ја препорачуваме диетата со тикви. Тиквата е нискокалорична, има само 35 калории во 100 гр. Така што може да изедете од 2 – 3 кг тиква и ќе внесете само 1000 калории во денот. Доколку целта Ви е набрзина да ги симнете тогаш се препорачува вашето мени да се состои од тиква, печена или барена распоредена во 4 – 5 оброци. Може да пиете и сок од тиква измешан со сок од свежо исцеден портокал. После првите три дена може постепено во вашето мени да вклучувате пилешка или зеленчукова супа. За оние кои тешко поднесуваат строги режими, препорачуваме барем еден од оброците да го заменат со тиква, вечерата или пак некоја од ужините. Или повремено воведувајте ден на тиквите. Тие содржат влакна што даваат чувство на ситост и се одлични прочистувачи на цревата, го смалуваат целулитот, ги исфрлаат вишокот на течности од организмот а и вашата кожа и коса ќе добијат поинаков сјај. Диетата од тиква чини многу малку, од 160 – 200 денари дневно. Спремањето е лесно и едноставно, така што потребна е само желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag