“Во моментов сме на точка во која вселенски летови со човечки екипаж во САД ќе се одвиваат на комерцијална основа или воопшто нема да ги има“, тврди Елон Маск, основач и директор на “Корпорацијата за истражување вселенски технологии“. Неговата фирма “СпејсХ“, со седиште во Калифорнија, е една од неколкуте компании кои планираат изработка на ракети и вселенски бродови кои би можеле да превезуваат астронауите и неопходни залихи до вселенски станици, додека НАСА би била слободна да се насочи на поголеми авантури во далечната вселена. Компанијата се надева дека до 2014 година леталото што го градат “Дрим чејсер“ ќе го изврши својот прв лет, а потоа ќе биде во состојба и да превезува вселенски патници до Меѓународната вселенска станица.
Извор: Нетпрес