Реднап : ”Венгер – некогаш професор, сега лудак”’

27 септември, 20100

Реднап смета дека постои страшен притисок во Премиер лигата , францускиот менаџер од тивок и резервиран професор се претвори во ”лудак” покрај аут линијата. Венгер е прогласен за крив поради неговото однесување на натпреварот против Сандерленд и суспендиран е со еден натпревар на трибините, како и 8.000 фунти парично , поради ”претење” на четвртиот судија Аткинсон. Целата ситуација се случи , кога изеднувачкиот погодок против ”топџиите”, екипата од ”Стадионот на светлината”, даде гол 15 секунди после званичното судско продолжение. Хари Реднап, менаџерот на Тотенхам, кажа дека има добар однос со Арсен Венгер и смета дека англискиот интензитет на игра се променил. Кога Арсен пристигна во Арсенал, ги памтам статиите од новините пред 14 години, тогаш за него зборуваа дека е тој како професор кој го следи натпреварот. Сите ”лудаци” тогаш викаа, хистеришаа и вриштеа, но тој не беше како ниеден од нив. Седеше таму и го студираше секој потег на теренот, како шах. Тогаш не изгубија ни една утакмица, рече Реднап и додаде дека сега ситуацијата со него е променета. ”Сега им се придружи на ”лудаците’. Тој е главен меѓу нив! Тоа е притисокот под кој се наоѓа и кој го промени, влегува во дуел со сите. Лично, немам проблем со него воопште , од секогаш бил добар спрема мене. Понекогаш и наминувам во канцелариите на Арсенал” кажа човекот кој го предводи најголемиот ривал на ”топџиите”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *