Северна Кореја предупредила дека планираните заеднички морски маневри на Јужна Кореја и САД го туркаат полуостровот “на работ на војна“, јавуваат светските агенции.
“Ситуацијата на Корејскиот полуостров се близи до работ на војна поради несовесниот на елементите брзи за пресметка повторно да почна воени маневри насочени против (Северот)“, се вели во соопштението што утрово го објавила севернокорејската државна агенција КЦНА. Јужнокорејското министерство за надворешни работи соопштило дека заедничките воени вежби со САД, предвидени за крајот на месецов, ќе пратат “јасна порака до Северна Кореја во сегашната ситуација“.
Извор: Нетпрес