
Новите докази до кои дојде актерката Сиена Милер, укажуваат дека Јан Едмондсон, еден од постарите уредници на “The News of the World” бил свесен дека е хакерство, она што го побарал од приватниот детектив. Милер го тужи весникот за нарушување на приватноста и за вознемирување. Имено, најмениот приватен детектив извршил хакерство врз нејзината телефонска секретарка, поточно на гласовните пораки. Доколку Милер го добие случајот, магазинот ќе има сериозен проблем со поанатамошна работа. Инаку, приватниот детектив Глен Mulcaire, во 2007 та година одлежа затворска казна за поголем скандал со хакирање.