Важноста на витаминот В6

21 ноември, 20100

Витамин Б6, исто така познат како пиридоксин или piridoksalfosfat, има најбрз метаболизам од сите витамини од Б-комплексот. Тој е витамин кој е растворлив во вода. Поради својот брз метаболизам и добра растворливост, брзо патува низ телото. Толку брзо, што е потребно само 8 часа за да витаминот Б6 помине низ целиот процес. Поради тоа од суштинско значење е овој витамин да се внесува редовно. Како и другите Б витамини, пиридоксинот игра улога во метаболизмот на масти, протеини и јаглени хидрати во енергија и претворање во форма која е погодна дека телото ја користи. Витаминот Б6 го подобрува производството на хемоглобинот и тоа во големи количини. Овој витамин е исто така клучен и за производство на над 60 различни хормони, ензими, простагландини и невротрансмитери. Витаминот Б6 е директно ангажиран во регулаторање на расположението, спиењето и апетитот. Витаминот Б6 може да го спречи создавањето на камења во бубрезите и може да помогне во одржувањето на имунолошкиот систем. Исто така, помага да се намали нивото на лошиот холестерол во телото. Ова е важно затоа што тој ја намалува способноста да се создадат масни наслаги на ѕидовите на артериите и со тоа исто така го намалува ризикот од срцеви заболувања. Затоа, се верува дека во комбинација со витаминот Б12 и фолна киселина може да го намали ризикот од срцев удар. Извори на витамин Б6 се живина, свинско месо, млеко, јајца, ориз, банани, пченица, авокадо. Симптоми на недостаток на витамин Б6 се: апатија, депресија, замор, опаѓање на косата, несоница, губење на апетитот, сувост или распуканост на јазикот, усните и анемија. Овие недостатоци можат да бидат причина за пореметувања на нервниот систем. Недоволно внесување на витаминот Б6 е особено проблематично кај децата и бебињата, бидејќи тие се многу чувствителни на недостаток на овој витамин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi