Во Индија, уапсени се еден докотор и неговата сопруга, откако во нивната куќа биле пронајдени остатоци од тела на деца. Во нивниот дом, по извршената рација , биле пронајдени тело на две годишно момче и скелетни остатоци од осум годишно девојче. Од полицијата, изјавуваат дека, обвинетиот го признал убиството на двете деца, објаснувајќи дека тоа е направено со цел да се здобијат со окултна моќ и среќа. Некои, веруваат дека со окултни верувања и гатање ќе си ја подобрат среќата, за сметка на жртва на дете. Остатоците од телата биле ставани под статуи, и под верски симболи кои се наоѓале во куќата.