“Google” виновен за кршење на авторски права

9 мај, 20110
google01

Апелациониот суд во Брисел ја потврдил пресудата во која се обвини “Google” за кршење на авторските права со својата алатка “Google news”, објавиле француски електронски медиуми.

Издавачите на весници го обвиниле “Google”, за објавување на нивната содржина без дозвола.

Тужбата во 2007 година, била поднесена од страна на белгиската организација за заштита на правата на издавачите на дневен печат – “Kopipres”.

По првото судење, судот го даде правото на обвинителот, а “Google” престана да објавува содржини од весниците кои ги штити “Kopipres”, и поднесоа жалба за првата пресуда.

Во “Google”, по потврдувањето на пресудата навеле дека ја испитуваат ситуацијата поради дефинирање на мерките кои би можеле да ги преземат и дека не се единствените кои објавуваат “онлајн“ содржини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma