“Невидливи“ европски офицери раководат со либискиот конфликт

9 мај, 20110
afp
“Невидливи“ офицери од Франција, Италија и Велика Британија, веќе неколку недели се во штабот на либиските бунтовници во Бенгази, за да им помагаат да изградат воени сили, способни да го победат режимот на Моамер Гадафи со помош на НАТО, објави АФП, пренсува Нетпрес.
“Ако ги видите, кажете им да дојдат да испијат шолја чај со мене“, дал шеговита изјава полковникот Ахмед Омар Бани, портпарол на бунтовниците, прашан за дејноста на тие офицери.
“Нема начин за средба со тие 20 Британци, 10 Италијанци и 10 Французи. Бараните интервјуа на ’Франс Прес’ со со полковникот Бани и со министрите за одбрана и за надворешни работи на Велика Британија, на Франција и на Италија, беа откажани. Според неофицијални информации, воените советници се во станбен блок на периферијата на Бенгази – пристанишен град кој се претвори во седиште на бунтовниците по востанието против Гадафи кон средината на февруари, годинава. Таму тие работат со командување на бунтовниците, за да ги направат доброволците, на кои очајно им треба оружје и обука, способни (во соработка со НАТО, кој ја бомбардира западна Либија) да ги победат лојалните сили на Гадафи“, пишува АФП.
“Тој процес наликува на обид за преобразба на хаосот во ред“, изјавил за француската новинска агенција, висок европски воен претставник.
Според него, тие советници, помагаат во создавање на командна структура, но немаат  намера да учествуваат во подготовката на борците. Нивното дискретно присуство има определена причина: снимки или видео записи на европските офицери веројатно би биле искористени од пропагандната машинеријана Гадафи како “доказ“ дека бунтот е диригиран од западните сили, кои сакаат да стават своја рака врз нафтените богатства на Џамахиријата.
Европјаните, исто така, се плашат и од опасноста операцијата да не им доживее фијаско. Критичарите на воената интервенција во Либија напоменуваат дека американското фијаско во Виетнам исто така почнало со испраќање на мал број воени советници, пред целата работа да прерасне во голема, долготрајна и исцрпувачка војна. Тие стравуваат воената акција во Либија за заштита на цивилите, да не се претвори во копнена операција, ако либискиот лидер не се повлече од власта или не биде убиен во воздушни напади. Владите на споменатите европски земји уверуваат дека нема да допуштат такво сценарио, и ги држат своите луѓе далеку од очите на јавноста, за да избегнат критики. Доброволците во воените бази во Бенгази, велат дека не виделе никакви европски офицери, но во Мисрата – бунтовничкиот бастион во западна Либија, велат дека таму има најмалку двајца француски и еден британски офицер.
Група бунтовници затворија двајца новинари на АФП, на кратко време, во куќа во тој град, тврдејќи дека француските новинари се “движеле низ опасните улици“.
Француската влада, досега, многупати негираше дека испратила свои агенти на терен, за да достават сведочења за потенцијални цели на воздушените напади на НАТО.  Дури и во Мисрата, каде стотици лица беа убиени во борби, да настојуваат за содејство на странски војски за пробивање на опсадата на трупите на Гадафи, бунтовниците во Бенгази се противници на таа идеја.
“Не сакаме војски. Ако го добиеме потребното оружје, тогаш за кусо време ќе можеме да ја окончаме оваа ситација“, рекол Абдул Хафиз Гога, заменик-претседател на Преодниот национален совет.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *