“Трчечи” робот :) побрз и од тебе – гарант :)

19 август, 20110
naslovna-robot

Научниците од Универзитетот во Мичиген сеуште се одушевени од својот нов проект. Велат дека роботот на кој што работат веке 3 години е само предходник на многу поголеми и поважни пронајдоци …

Мабел е најбрз двоножец робот на светот. Може да се движи со брзина од 10,94 км / ч, изработен е од страна на учени при Универзитетот  во Мичиген, изјавува Дејли Мејл  и веке стана хит на YouTube. Научниците создатели на Мабел тврдат дека применетата технологија при неговата изработката ќе донесе многу придобивки во иднина за човештвото.

–          “Ние очекуваме неверојатни можности кои би можеле да произлезат од нашиот проект. На пример, производството на егзоскелет кој ќе им помогне на луѓето во инвалидски колички да одат или да се олесни работата на спасувачите, протези за екстремитетите кои би се однесувале како што и биолошките” – вели инженер Jonathan Hurst од Универзитетот во Орегон, еден од учесниците во овој проект.

-“ Тоа беше неверојатно. Никогаш не сум видел робот кој се движи” – рече  професорот  Jessy Grizzli на Универзитетот во Мичиген.

Истражувачите работеле три години за тоа како Мабел да  може да се движи толку брзо, и сеуште се восхитуваат на постигнатото. Тие велат дека за неколку години роботите би можеле да спасуваат  луѓе при пожар,  иако за тоа би им требале  многу покомплицирана вештини, како што се качување по скали.

httpv://www.youtube.com/watch?v=xlOwk6_xpWo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma