„Мајнау“ – островот на цвеќето
17 ноември, 20110
![1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/11/1478-610x356.jpg)
Ова е најживописната германска ботаничка градина и најпосетувано туристичко место на Боденското езеро – најголемото во Германија. Тешко е да се опише едно вакво место за кое се прераскажува од оние што го виделе само со суперлативи. Вистината е дека „Мајнау“ го заслужува секој еден комплимент. Да се шеташ по островот и да ги вдишуваш ароматите на над 150 етерични билки е прекрасно и незаборавно преживување.