10 најинтригантни изгубени градови – втор дел

10 август, 20110
gradovi-naslovna

6. Ангкор, Камбоџа

Трошните камени завиткани во лијани привлекуваат приличен број на туристи, но простаноста на локалитетот значи дека лесно можете да најдете место во кое ќе се изгубите во древните времиња.

Градот бил огромен, а новите истражувања укажуваат дека се простирал на 3.00 квадратни километри.

Бил изграден од кмерските богови-кралеви во периодот меѓу 900 и 1.200 година. Имал близу милион жители и бил престолнина на Кмерското царство.

Се смета дека бил напуштен поради климатски промени пред околу 500 години.

Ангкор е оддалечен 20 минути северно од Siem Reapa, а организирани тури има во изобилство со најразлични превозни сретства, од хеликоптер до тук-так (моторни рикши) и слонови.

 

7. Витенум (Wittenoom), Австралија

Далеку на запад, во пустинската држава Западна Австралија, ќе најдете град (ако потполно не се изгубите), кој званично тоа веќе не е.

Ова место се издржувало од азбестно-рударска индустрија до средината на 60-тите години на минатиот век, кога здравствените проблеми на луѓето со белите дробови ја имаа топтишано нековата смрт.

Има останато една рака население, но ни тие веројатно уште долго нема да останат тука. Градот е овековечен во песната „Blue Sky Mine“ на бендот „Midnight Oil“.

Ако сакате да го посетите, тоа ќе биде долго возење до многу осамено место (се наоѓа на 11.000км северно од Перт).

Националниот парк Кариџини (Karijini) со формација од црвени карпи, длабоки клисури и примамливи места за капење кои се наоѓаат во близината можеби ќе ви го направат ова бесконачно патување вредно за трудот.

 

8. Дарвин (Darwin), Калифорнија, САД

Дарвин како и илјада други градови кон крајот на 19 век во САД, се има најдено на позадината на „лаки страјк“ (онаа со сребрено издание).

Меѓутоа местото е напуштено само ќетири години после неговото населување во 1878 год., бидејќи трагачите на сребро се преселиле на нова локација.

ПОново зажживува во раниот 20-ти век кога бакарот станува главна роба.

Крајот од Долината на Смртта изгледа како соодветно место за посета на остатоците на овој град од Дивиот Запад, затоа зграпчете шише виски за пикник ако сте се упатиле во овој смер.

Постои само еден осамен пат до овој аветен град, Државниот автопат 190, 75км југо-западно од Стоувпајп Велс (Stovepipe Wells).

 

9. Херкуланеум (Herculaneum), Италија

Како и Помпеа во близината, и Херкуланум е изгубен во реката од лава и пепел после ерупцијата на Везув во 79 година.

Бил град на високата класа, дом на членовите на царската фамилија; откриен е пред околу 250 години и станал археолопка ризница.

Вулканската маса која го опкплила градот, поради својата органска материја, ги сочувала градежните структури и човечките тела во скоро совршено зачуван облик.

Најдрагоцени се пронајдените папируси, текстовите од древната библиотека кои преживеале до модерните времиња.

Од Неапол ви е потребно 25 минути за да стигнете до ова место.

 

10. Картагина, Тунис

За голем град не е доволно да биде уништен само еднаш.

После 900 години владеење со Северна Африка и Јужна Европа, Картагина подлегнала на гневот на Римското царство.

Покасно Римјаните ја реконструирале и и ја вратиле старата слава. Меѓутоа, Картагина повторно доживеала бројни конфликти за да на крајот биде уништена од арапските муслимани.

Денес на 15км северно од главниот град Тунис, можете да ги посетите остатоците од римските купатила, храмови и вили кои се распростираат ширум овој некогаш моќен град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit