100 Најпознати личности на сите времиња – деветти дел

9 август, 20110
naslovnapoznati

64. Bill Cosby

Роден на 12 јули 1937 година. Американски комичар, актер, телевизиски продуцент, музичар. Ветеран на “stand-up“ перформансите. Ја започнал кариерата како комичар во неколку клубови уште во ’60 те години.

Во раните ’70 ти години, стана познат по својата ТВ емисија “Шоуто на Бил Козби“. Во текот на 1980 -тите, Cosby стана продуцент и ја играше главната улога во хумористичната ТВ серија “Шоуто на Козби“, која се емитуваше на програмата од 1984 до 1992 година. Во почетокот на 1997 година, после фамилијарни проблеми, се повлече на многу краток период од филмската сцена.

Сепак, во 1998 година се врати на ТВ сцената, појавувајќи се во ТВ серијата “Козби“ и како водител на ТВ семијата “Децата зборуваат страшни работи“. Исто така, повторно започна да настапува по ноќните клубови, каде продолжи да ја воодушевува публиката со својот стил.

Bill Cosby

63. Robin Williams

Роден на 21 јули 1951 година. Американски актер и комичар. Неговата слава рапидно растеше откако ја прифати улогата во ТВ серијата “Морк и Минди“, а подоцна стана славен и со своите “stand-up” перформанси. Започнувајќи од 1980 година Williams има настапувано во голем број на филмови. Освои Оскар во 1997 година за најдобра споредна машка улога во улогата во филмот “Добриот Вил Хантинг“. Исто така има освоено две Еми награди, четири Златен глобус, пет Греми награди.

Филмови кои се значајни за неговата кариера: “Попај“ (1980), “Добро утро Виетнам“ (1987), “Продавач на автомобили“ (1990), “Аладин“ (1992), “Госпоѓа Даубтфајбер“ (1993), “Девет месеци“ (1995), “Џуманџи“ (1995), “Хамлет“ (1996), “Печ Адамс“ (1998), “Инсомнија“ (2002), “Роботи“ (2005), “Ноќ во музејот“ (2003), “Ноќ во музејот 2“ (2009).

Robin Williams

 

62. Alfred Hitchcock

Роден на 13 август 1899 година, во Лос Анџелес, а починал на 29 април 1980 година. Познат британски филмски режисер . Уште од 1939 година, под влијание на експресионизмот од Германија, тој почнал да режира во Англија и работи во САД. Во текот на неговата шест децениска кариера има режирано повеќе од 50 филмови и останува еден од најпознатите и најпопуларните режисери на сите времиња. Оскар за најдобар филм има добиено за филмот “Ребека“, но сепак негови најпознати и најдобри филмови се сметаат “Психо“ и “Вртоглавица“.

Alfred Hitchcock

 

61. Charlie Brown

Главен лик во стрипот “Кикирики“ од Charles M. Schulz.

Charlie Brown е карактер кој поседува бескрајна одлучност и надеж дека ќе успее во своите замисли, но секогаш кај него надвладува сопствената несигурност, “постојано жртва на лоша среќа” и често искористуван од страна на неговите врсници.

Charlie Brown

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi