100 Најпознати личности на сите времиња – седми дел

4 август, 20110
poznati-naslovna

72. Ray Charles

 

Вистинското име му беше Raymonda Charlesa Robinsona. Роден на 23 септември 1930 година, а починал на 10 јуни 2004 година. Легендарен американски музичари, пионер на соул музиката. Френк Синатра го нарекол “единствениот вистински гениј во шоу-бизнисот”.

Иако имал проблеми во текот на детството – татко му го напушта семејството многу рано; помалиот брат му починал, кога Ray имал само пет години, а многу кратко после тоа почнува да го губи видот, за веќе на седум годишна возраст целосно ослепил. Поради неговиот хендикеп, се образувал во училиште за слепи и глуви деца, но отсекогаш го пројавувал талентот за свирење на пијано. Откако починала мајка му, на само 17 годишна возраст станал зависник од хероин. Три пати бил уапсен, но не одлежал затворска казна поради успешното одвикнување. Бил казнет со една година условна казна во 1966 година. Има снимено голем број на плочи и изведено голем број на хитови. Една од неговите познати песни е “Hit the road Jack“. Противник на расната сегрегација и на насилството врз црнечкото население во Америка. Го откажал концертот во 1961 година, поради тоа што седиштата биле поделени врз расна основа. Се оженил двапати, но и двапати се развел. На 73 години починал во Беверли Хилс од болест на црниот дроб.

 

71. Dwight D. Eisenhower

Роден на 14 октомври 1890 година во Денисон, Тексас, а починал на 28 март 1969 година. Истакнат американски генерал и политичар. Во текот на Втората Светска војна бил командант на американските воени сили во Западна Европа, потоа командант на сојузничките сили во Средоземјето. Исто така, било поставен да раководи со операциите на Сицилија, во јужна Италија и со десантот на Нормандија. По завршувањето на војната бил командант на Северноатлантскиот пакт. Во периодот од 1952 до 1956 година бил избран за Претседател на САД, односно Dwight бил 34 Претседател на САД.

 

70. Sigmund Freud

Роден на 6 мај 1856 година, во Моравскиот град Прибор, Австриска област (сега дел од Република Чешка), а починал на 23 септември 1939 година. Познат австриски невролог, основоположник на психоаналитичката школа за психологија. Се образувал во Беч, каде што студирал медицина. Познат по неговите теории за несвесниот ум и по примената на психоанализата односно лекување со помош на разговор меѓу пациентот и психоаналитичарот. Меѓу првите истражувачи во областа на церебралната патологија. Иако, голем дел од неговите теории подоцна беа побиени од страна на Нео-Фројдијанците или од модерните истражувачи, сепак делото на Freud остави значајни траги во историјата на медицинските психодинамички достигнувања.

 

69. James Dean

 

Роден на 8 февруари 1931 година, а починал на 30 септември 1955 година. Познат американски филмски актер. Ќе остане запаметен како актер со многу кратка но, спектакуларна филмска кариера во Холивуд. За само една година снимил три филма, а достигна меѓународна слава и станал симбол на немирната и бунтовничка американска генерација. Дури и денес, педесет години по неговата смрт, неговиот лик е еден вид на културна икона, олицетворение на бунтовници и има огромен број на обожаватели ширум светот.

Филмови кои оставија белег во неговата кариера: “Источно од рајот“ (1952 година), “Бунтовник без причина“ (1954 година), “Див“ (1955 година).

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi