100 Најпознати личности на сите времиња – седми дел

2 август, 20110
naslovna

76. Beyoncé

Родена на 4 септември 1981 година, во Хјустон, Тексас. Американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, актерка и моден дизајнер. Уште на најмала возраст, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била дел од натпревари по пеење и танцување. Во доцните ’90 години, стана член на женската група Destiny’s Child. За време на паузата на групата, во јуни 2003 година, Beyoncé го издаде својот прв соло албум Dangerously in Love, кој стана еден од најуспешните албуми таа година. Со овој албум Beyoncé освои пет Греми награди во 2004 година. Во 2005 година, кога се растури групата Destiny’s Child, Beyoncé ја продолжи својата соло кариера и веќе во 2006 година го издаде својот втор соло албум, B’Day.

Во 2001 година, ја започна својата актерска кариера и дебитираше во мјузиклот Кармен: Хип Хупера.

Досега има добиено голем број на награди – 16 Греми награди, од кои 13 како соло пејачка и 3 како член на Destiny’s Child. Има продадено повеќе од 118 милиони плочи, од кои 11,2 милиони албуми, 25 милиони синглови само во САД. Од септември, 2009 година, има продадено 75 милиони албуми низ целиот свет со што стана една од најпродаваните музички артисти на сите времиња.

 

75.            Michael J. Fox

Роден на 9 јуни 1961 година, во Едмонтон, Канада. Статусот на ѕвезди го добива во 1982 година, во улогата на Алекс П. Китон во серијата на Семејни врски.

Инаку, филмови кои беа значајни за неговата кариера: “Враќање во иднината“ (1985), “Тајната на мојот успех“ (1987), “Жртви на војната“ (1989). Хумористичната серија „ Лудиот град“, која доживува огромен успех и своја шестта година на снимање.

Во 1991 му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, па поради влошување на здравствената состојба, речиси целосно се повлече од глумење во 1998 година.

 

74.            Fred Astaire

Роден на 10 мај 1899 година во Омаха, Небраска, а починал на 22 јуни 1987 година. Познат американски филмски и Бродвејски сценски танчер, кореограф, пејач и актер. Неговата кариера траела дури 76 години и за тој период снимил 31 филм. Најчестосе поврзува со Ginger Rogers со која имаше снимено десет филмови.

Инаку Fred, претставува највлијателниот танчер на сите времиња како во областа на филмските така и во областа на телевизиските мјузикли. Американскиот Филмски Институт го прогласи за петта најголема ѕвезда на сите времиња.

 

73.            Darth Vader

Darth Vader или познат и како лорд Vader е имагинарен лик од филмот “Војна на ѕвездите“. Тој игра клучна улога во епизодите “Нова надеж“, “Империјата го возвраќа ударот“, “Враќањето на Џедај“ и “Одмаздата на Сит“. Во оригиналната трилогија, ликот го играше Dave Prowse и голем број на каскадери, а гласот беше позајмен од  James Earl Jones. Vader е еден од најпознатите негативци во филмската историја и е рангиран на трето место на листата на 50 најголеми негативци на сите времиња, која беше направена од Американскиот Филмски Институт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *